Мицкоски до Снопче: Нека му е со среќа, по најавите дека ВЛЕН би можела да ја напушти Владата поради Законот за бранители
Премиерот Христијан Мицкоски му порача „нека му е со среќа“ на пратеникот Халил Снопче откако вчера тој во дебатна емисија изјави дека доколку се изгласа Законот за бранители, коалицијата ВЛЕН ќе ја напушти Владата.
Снопче синоќа изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.
„Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата.”, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.
Мицкоски го даде истиот одговор и кога беше запрашан за најавите на протести на Али Ахмети поради укинувањето на балансерот.
,,Исто така и на него можам да му порачам добро здравје и со среќа.”, рече претседателот на Владата.