ВМРО-ДПМНЕ не знае да чита, велат од СДСМ
Од
Објавено на
,,ВМРО-ДПМНЕ не прави разлика помеѓу навредатa „будала“ и пораката „не ме прави будала“, која значи „затоа што сум доволно паметен да знам дека лажеш“.
Се што кажа СДСМ е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане народот да го прави или да го смета за будала бидејќи граѓаните се доволно паметни и ги препознаваат сите лаги кои ги пласира владејачката партија.
Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција и како власт.
Граѓаните ова многу добро го знаат.”, велат од СДСМ.