Прегазен пешак во Прилеп, со тешки повреди однесен во болница
Од
Објавено на
Вчера во 13.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко моторно возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Б.Т. од Прилеп, удрило во пешакот 50-годишниот П.Н. од Прилеп.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.