Подигнати 50 кубни метри отпад по завршувањето на Скопскиот маратон
Од
Објавено на
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни и на сообраќајни површини по завршувањето на Скопскиот маратон 2024.
Отстранувањето на отпадот се одвиваше во централното градско подрачје – на плоштадот Македонија, Кејот „13 Ноември“, улиците Димитрија Чуповски и 11 Октомври, како и на сите останати улици и булевари на патеката на маратонот, особено во реонот каде што беа поставени водните станици.