Скопје

Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

Во период од 08:30 до 14:30 часот дел од улица Хо-Ши Мин, улица Марјан Лазевски, улица Софре Марковски, дел од. улица Натанаил Кучевишки во општина Бутел.

Во период од 09:00 до 11:00 часот дел од село Долно Соње (м.б.Азмак) во Општина Сопиште.

Во период од 08:30 до 12:00 часот дел од корисниците на улиците Лука Геров, Арск Мицков, Пекљане, Тиранска, Антон Чехов, Пелинце во општина Ѓорче Петров.

Во период од 08:10 до 11:10 часот улица Рокомија, улица Ферид Бајрам, улица Александар Турунџов, дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош објектите наспорти новата зграда на ЗСФ во општина Бутел.

Во период од 08:00 до 11:00 часот дел од село Љубош (ул.1 и околни) во општина Студеничани.

Во период од 08:00 до 12:00 часот корисниците од село Кучково во општина Ѓорче Петров.

На почеток