Свет

(Видео) Ураганот на векот оди кон САД, патиштата се блокирани, снема бензин: „Кој ќе остане ќе умре“

Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години. Ураганот Милтон се движи кон брегот на САД, а властите ги повикуваат жителите веднаш да се евакуираат.

Милтон повторно се засили до категорија 5 и може да биде најсилната бура што некогаш ја погодила Флорида.

Иако се прогнозира дека ќе ослабне пред да падне на копно, ќе порасне во големина, што значи дека неговите катастрофални влијанија ќе се почувствуваат на поширока област. Доцна денеска се очекува да стигне до брегот на Флорида.

Во тек е масовна евакуација. Десетици илјади луѓе ги блокираа патиштата и заглавија во сообраќајот.

„Ова ќе биде бура што ќе го промени животот“, изјави за Би-Би-Си Џералд Лемус, жител на Флорида, кој цел живот живее на американскиот полуостров и никогаш не се евакуирал поради ураган.

„Никогаш не сум видел толку тивко овде. Сите ги нема“, рече друг жител, Стив Крист.

На почеток