Македонија

„РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем“, велат од СДСМ

„Нашиот најголем капацитет за производство на струја, РЕК Bитола не работи. Сите три блока од ноќеска на полноќ се надвор од функција“, велат од СДСМ.

„Божиновска и владата на Мицкоски и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскит систем во земјата. Наместо да го зголеми производството на струја од домашни капацитети Мицкоски и ДПМНЕ го намалија.

Владата во моментов прави огромен увоз на скапа струја заради нефункционирањето на РЕК Битола, што предизвикува огромни трошоци за државата и граѓаните.

Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи“, соопшти СДСМ.

На почеток