Македонија

Свечено отворена Канцеларијата на литванската амбасада во Скопје

Со заедничко сечење на лента, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски и литванскиот заменик министер за надворешни работи работи Симонас Шатунас, свечено ја отворија Канцеларијата на литванската амбасада во Скопје.

Во поздравното обраќање пред присутните гости од дипломатскиот, политичкиот и општествениот живот, заменик министерот Димитровски истакна дека отворањето на оваа дипломатска канцеларија е доказ за пријателството меѓу двете земји кое се негува и развива скоро триесет години, како и за заедничката определба за натамошно продлабочување на севкупните билатерални односи. Притоа, најави дека посебен фокус во претстојниот период ќе биде ставен на натамошен развој на економската и трговската соработка меѓу двете земји.

Осврнувајќи се на придобивките од 20-годишното членство на Литванија во Европската унија, заменик министерот Димитровски меѓу другото истакна: „Ова членство беше многу корисно и ѝ помогна на земјата да се развие економски, политички и социјално. И ние сакаме да ја постигнеме истата цел, а Литванија е наш близок и доверлив партнер на тој пат, за што сме длабоко благодарни“.

На почеток