Уапсен маж од Кавадаречко, при претрес пронајдени две ловечки пушки без документација
Од
Објавено на
Вчера во 18.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Б.(36) од кавадаречко село.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои ги поседувал без соодветна документација. Ј.Б. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.