Настап на Скопски Брас Квинтет во Загреб и Риека со музика од Тоше Проески
Скопскиот Брас Квинтет, во соработка со Скопскиот Брас Фестивал, ќе одржи два концерта во Хрватска, по повод 17-годишнината од смртта на Тоше Проески.
Концертите ќе бидат одржани во македонската православна црква Св. Злата Мегленска во Загреб (16.10) и ХКД на Шушак, Риека (18.10).
Концертот, инаку насловен „Брас Фантазија за Тоше“, беше одржан во Скопје на 25.12.2023 пред исполнетата Мала Сала на Н.У. Филхармонија, а со план потоа да биде изведен низ поранешните југословенски републики каде и ден денес одѕвонуваат рефрените на Тоше Проески.
Аранжманите на песните ги направија познатите македонски џез музичари и аранжери Трајко Велков и Зоран Костадиновски, а македонската публика навистина позитивно ги прифати истите, поздравувајќи ги авторите на овие аранжмани со бурни аплаузи при концертот во Скопје.
„Сакаме да изразиме огромна благодарност до МПЦО Св. Злата Мегленска, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб, Македонското културно друштво “Илинден” и Министерството за култура на Македонија, кои помогнаа овој проект да се оствари и да биде изведен пред хрватската публика“, се наведува во соопштението