Минатата недела санкционирани се 105 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
Од
Објавено на
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 07.10. до 13.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 105 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, велат од ПОЦ.