Македонија

Таткото на Вања како да ги предвидуваше работите, по грешка во група на родители испратил порака „Кажете само колку пари треба“, сведочи началник

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје на прашањето зошто таткото на Вања, Александар бил сомнителен, рече дека тогаш сите им биле сомнителни и го анализирале и движењето на Александар.

Една индиција, посочи Димовски, била кога виделе дека тој со неговото возило возел кон Качанички пат. Кога го прашале зошто оди по тој пат, рекол дека мисли дека е изнесена надвор од државата и тоа бил најкраткиот пат до граница.

– Тој да не кажам како да ги предвидуваше работите, изјави сведокот.

Друга индиција, рече сведокот, е што најдовме една порака во телефонот на Зорица, од скриншот на Александар со Вања, каде и вели да биде топло облечена утре.

– Во разговор со Зорица и рекол дека ако е киднапирана не е проблем за пари дека ќе најдат од некој Хари, само колку пари треба да кажат. Друг индикатор е дека Александар ја згрешил групата и во групата на родители пратил порака што потоа ја избришал. Од сведочења на родители во групата, пишувало „Кажете само колку пари треба“, изјави сведокот.

За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

На почеток