Македонија

Утрото студено, преку денот претежно сончево

Утрото студено, преку денот претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.

На почеток