Македонија

„Фолксваген туран“ удри во мопед во Кочани, тешко повредени двајца малолетници

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Л.П.(66) и мопед „априлиа“ со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетничка, двајцата од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничката и нејзиниот малолетен сопатник од село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На почеток