Македонија

Таравари очекува дека ќе се разбуди свеста кај менаџментот на „Козле“: Ако не веруваат на извештајот, нека си направат свој, лекарски пропусти има

Министерот за здравство Арбен Таравари очекува кај менаџментот на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ да се разбуди свеста и да бидат преземени чекори за случајот со починатото 14-месечно бебе.

Таравари вели дека со правната екипа во Министерството ги имаат разгледано сите можности што на нив им се на располагање.

„Ќе дадеме се што треба официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има“, рече Таравари.

Таравари вели дека одлуката, времено да се отстранат двајцата доктори од Детската клиника, е добра и оти се надева дека ќе се разбуди совеста и кај менаџментот на болницата во Козле.

Министерот смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.

Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

На почеток