Свет

Израелска армија: Го убивме човекот кој најверојатно ќе станеше новиот лидер на Хезболах

Војската на Израел го потврди убиството на Хашем Сафиедин, човекот кој се сметаше за најверојатниот кандидат да стане нов врвен лидер на Хезболах, откако Хасан Насрала беше убиен минатиот месец.

Во соопштението објавено на X, израелската војска тврди дека Сафиедин бил убиен во напад во Бејрут пред три недели, заедно со други команданти на Хезболах.

Сафиедин, кој претседаваше со извршниот совет на Хезболах и е братучед на Насрала, беше популарен во организацијата и меѓу нејзините спонзори во Техеран, пишува The Guardian.

На почеток