Во бесознание пронајдена 30-годишна жена од Крива Паланка: пренесена е на Клиника
Од
Објавено на
Денеска околу 7 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека во стан во населба Илинден во Скопје во безсознание била пронајдена 30-годишната М.М. од Крива Паланка, по што е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, извести МВР.
М.М. била пронајдена од нејзина колешка, која се упатила кон нејзиниот дом откако М.М. не одговарала на телефонските повици.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.