„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ на 2 ноември во Паркот Авионче – Ново Лисиче
На 2-ри ноември ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
На 2-ри ноември во 11.00 часот во Паркот Авионче – Ново Лисиче, општина Аеродром ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ каде што ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ.
Со оваа манифестација ќе се промовираат нашите домашни и традиционални производи. Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот.
За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности.
Оваа манифестација е доказ дека соработката помеѓу Министерството и земјоделците може да се достигне до посакуваната цел, а тоа е промоција на нашата домашна храна.
„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.