Филков се сретна со претставници на УПОЗ: се разговарало за прашања поврзани со колективниот договор, платите, статусот на вработените
Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), предводени од претседателот Трпе Деаноски.
Како што соопштуваат од Министерството се разговарало за прашања поврзани со колективниот договор, платите, статусот на вработените како и подготовката на законските решенија.
„Изразена е благодарност на Министерството за правда за отпочнување на процесот на изработка на нов Закон за судска служба. Новото законско решение има за цел да ја унапреди постојната регулатива, обезбедувајќи подобри услови за работа и правата на вработените во судскиот систем.
Претставниците на УПОЗ го информираа министерот со сите отворени прашања кои се од голема важност, и од нивна страна беше побарана поддршка и заложба за нивно решавање со цел унапредување на работните услови и зајакнување на правата на вработените во правосудниот систем“, соопшти Министерството за правда