Македонија

(Видео) Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ја преиспитаат одлуката за назначување на новите членови во УО на Академијата за судии и јавни обвинители, бара Петрушевски

„Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството. Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.

Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС?

Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.

Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток