Македонија

Со „мерцедес“ излетал кај клучката Миладиновци, четворица повредени

Вчера во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, кај клучка Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Д.Ц. од Берово, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатничките М.С.(24) и М.Д.(24), двете од Берово и М.Ш.(20) од Пехчево, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток