Скопје

Пожарот во „Македонски железници“ бил локализиран, па повторно се активирал: МВР со детали

Пожарот кој избувна во хангар со стари вагони, сопственост на „Македонски железници“ бил локализиран, па повторно се активирал, извести МВР.

„Синоќа во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“, соопшти МВР.

„Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал“, додаваат од МВР.

На терен се противпожарни екипи кои работата на гаснење на пожарот.

На почеток