ДУИ: За членови на советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Влен
„Демократската унија за интеграција остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во советот на обвинители. За член на советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити“, соопшти ДУИ.
„Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи.
Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет, додека ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет.
Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на собранието и овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава“, се додава во соопштението на ДУИ.