Македонија

Села во кратовско од вчера немаат струја, отежнато движењето на возилата поради снегот на патниот правец Пробиштип – Страцин

На подрачјето на Општина Кратово од утринава има врнежи од снег. Висината на снежната покривка во градот на улиците и на регионалниот патен превец Пробиштип – Страцин е околу 5 см со што е отежнато движењето на возилата, извести ЦУК.

Не терен се излезени вработените на Јавното претпријатие Кратово и со трактор со корпа се чистат улиците во градот. Од ЈП Македонија пат-Пункт Страцин велат дека очекуваат да пристигне камион-чистач од Крива Паланка и ќе започнат со чистење на овој патен правец.

Во низинските села висината на снежната покривка е околу 5 см. и задолжителна е зимска опрема. Во планинските села односно на патниот правец Кратово-село Каврак висината на снежната покривка е од 15 до 25 см со што сообраќајот се одвива отежнато со теренски возила со зимска опрема.

Селата Трновец, Талашманци и Крилатица од вчера немаат електрична енергија и од ЕВН известуваат дека екипи се на терен за да го лоцираат дефектот.

На почеток