Македонија

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак: „Прости ни сине не можевме да те сочуваме“

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби битката со болеста. Неговата мајка, Весна, со трогателна порака се прости од својот единствен син.

Во текот на неговата борба, Македонија се обедини за да му помогне на Бошко. Се организираа бројни хуманитарни акции за собирање финансиски средства, овозможувајќи му да замине на лекување во Турција. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку семејната фондација „Никола Јанчев“, донираше 10.000 евра за неговото лекување.

И покрај сите напори и поддршката од хуманите граѓани, Бошко не успеа да ја победи болеста.

Неговата борба и поддршката што ја доби од заедницата остануваат сведоштво за човечката солидарност и хуманост.

На почеток