Македонија

„Да се затвори постојната депонија во Кочани“, СДСМ поднесе амандман за отворање на времена

„Институциите под капата на ВМРО-ДПМНЕ не се искрени и ги манипулираат граѓаните кои со недели протестираат барајќи решеније за проблемот со депонијата во Кочани. Ниту една институција нема соодветен одговор на барањето на граѓаните ниту решение. Проблемот тлее, жителите спроведуваат активна блокада поради загадувањето а решение кое е прифатливо за сите се уште нема“, велат од СДСМ.

„Пратеничката група на СДСМ поднесе амандман во Собранието за обезбедување финансиски средства од 30 милиони денари за нова, времена депонија, со што ќе може да се затвори постојната депонија во Кочани.

Тоа е најсоодветно во овој момент затоа што се затвора постојната на барање на граѓаните а времената депонија ќе се користи краток временски период до изградба на регионалната депонија.

Очекуваме власта и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати овој амандман со што ќе им се излезе во пресрет на жителите од овој крај“, соопшти СДСМ.

На почеток