Почина д-р Владимир Мирчевски, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен специјалист неврохирург
Од
Објавено на
Министерството за здравство извести дека утрово починал д-р Владимир Мирчевски, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен специјалист неврохирург, раководител на одделот за детска неврохирургија.
„Смртта на проф. Мирчевски е огромна загуба за целиот здравствен систем, земајќи ја предвид неговата професионалност, огромно искуство и печат во науката кои ги остави зад себе.
Тој беше специјалист на Лионската школа по неврохирургија, член на Американскиот конгрес на неврохирурзи, редовен професор на Медицинскиот факултет-Скопје“, соопшти МЗ.