Магазин

(Видео) Билдерот Зафиров: Ме нападна жена, пријавив во полиција

„Ме нападна жена, пријавив во полиција“. Ова беше реченицата на Тоше Зафиров која ги остави вчудовидени и гостите и водителката на Нешто Конкретно, Снеже Велков

– Кога пријавив во полиција насилство од жена врз мене полицајците мислеа се шегувам со нив или е скриена камера.

Ваков одговор на прашањето: Дали се плашите од нападни жени даде Зафиров образложувајќи дека таа жена постојано го пратела го вознемирувала и вербално го малтретира. На крајот добила забрана за да му се приближува.

Темата на емисијата беше „Од што се плашат мажите?“, а покрај Зафиров гости беа и политичкиот новинар Драган Милосављевиќ, бизнисменот Ненад Пантовиќ-Сињори и стенд ап комичарот Бојан Велевски.

Момците заклучија дека не се плашат ама дефинитивно љубоморна жена не можат да поднесат, паѓаат на женски солзи ама ги иритора „цмиздрење и лигавење”.

Не се плашат да не им избегаат сопругите ама дури и кога само сонувале дека ги напуштиле им доаѓало тешко и на самата помисла.

Дека потешко поднесуваат Температура мажите тоа и научно е потврдено а гостите потврдија дека може и не им е толку тешко ама многу им е убаво тогаш целиот свет да се врти околу нив.

Дефинитивно најголем страв е да не се заљубат во спонзоруши т.е материјалисти жени.

Какви одговори дадоа на прашањето:Дали се плашат ос силни жени, од неуспех и неизвесност и како се остава жена без зборови погледнете во видеото.

На почеток