Утрово најладно во Крушево, денеска максималната температура до 14 степени
Утрово најладно беше во Крушево со измерени -6 степени, следуваат Маврови Анови со -4, -1 во Берово, Крива Паланка, 0 Попова Шапка, Прилеп, Охрид, 1 Битола, Тетово, 2 Виница, Претор, Куманово, 3 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Велес, Демир Капија, 4 Кавадарци, Струмица, Гевгелија.
Претпладне по котлините ќе има ниска облачност. Попладне ќе преовладува сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност.
Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје претпладне ќе има ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.