Македонија

Кај осуденик во Затворот Штип пронајдена прашкаста материја и повеќе таблети

На 17.11.2024 во 21.30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека кај осуденото лице Е.А.(21) од Кочани била пронајдена прашкаста материја и други предмети.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип излегле на местото, при што пронашле и одзеле прашкаста материја и повеќе таблети.

Пронајденото било одземено и дадено на вештачење, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток