Македонија

Реакција и од Ахмети: Додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, реагираше на коментарите на премиерот на Косово, Албин Курти за Законот за јазиците.

Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат „со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ“, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор“.

Како што објавува косовскиот „Бота сот“, ова Ахмети синоќа го говорел на средба со стотина симпатизери и членови на партијата во Бутел.

На почеток