Претрес во Скопје, пронајдена дрога
Од
Објавено на
Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 54-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
При претрес во домот и подрумските простории на пријавениот, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.