Претрес во Средно Коњари, пронајдено оружје, приведено едно лице
Од
Објавено на
Вчера во 17 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот С.К. од село Средно Коњари, скопско.
При претрес во неговото патничко возило „бмв“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол „Чешка зброевка“, еден карабин со оптички нишан и куршуми.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.