Магазин

Панчо до Слаткар: Не те гледам како конкуренција, Ливерпул и Пјаченца неможе да играат во иста лига

Откако познатиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткар во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ упати критики кон Панчо, тој се огласи на Фејсбук.

„Е Марче Slatkaristika дојде време да ти станам опсесија и многу да те боли што јас Панчо “НЕТАЛЕНТИРАНИОТ” од DNK полнам повеќе клубови и сали од тебе ( твојот последен концерт во Борис Трајковски ) беше ФИЈАСКО #ФАКТ за разлика од моиите два ( ПРЕПОЛН САЕМ ) и еден во универзална. Те боли тоа што зимам дупло поголем хонорар ( затоа прашуваш по менаџери , друг пат слободно јави се ќе ти кажам јас колку зимам ) од твојот и продавам повеќе карти кај и да се појавам со мојот бенд. Од тебе не сум барал услуга никогаш за разлика од тебе што лично ми се јавуваше за да ги викнам пред 2-3 години децава Два Бона ( немам ништо против нив баш ми се симпатични и им посакувам успех) за на радио и секако дека ги викнав, и пар други работи во врска со помош. Не сум праќал мејлови по радија за да ми ги вртат песните за разлика од тебе нели. Многу битно, за разлика од тебе не сум заебал луѓе и разделил бендови ( Скипи и Тајзи ) и после користење фрлил во ѓубре како непотребен материјал. Другарите мои со кои што сум израснал сеуште сум со нив за разлика од тебе што го заеба цело кру Скит и Токсикологија, скаран си и со кумовите ако не се лажам исто така
Тоа кажува за тебе каков човек си и колку ти се битни парите пред другарите. Јас знам како без пари бидејќи никогаш тоа и не ми било предизвик. Мојот предизвик се вика ЛОЈАЛНОСТ и РАБОТА , а таа врлина за тебе е мисловна именка. Ја не сум ругал никој во песна, ти се потегна против Врчак кои мене лично си ми зборел дека неможеш да го смислиш, само што он е господин за тебе па не те есапел два посто. На крај да ти објаснам дека, некогаш HUSTLE BEATS THE TALENT за кој за жал ти ги немаш и двете. Се надевам дека децата кои сега ги ЦИЦАШ ќе сфатат на време со кој си имаат работа и дека се свесни во моментот се шлепаш покрај нив #ФАКТ Слаткарче ја не дужам пари за разлика од тебе. Кога ќе изгубиш судски спор не се криј, плати и на жената тоа што и должиш биди мангуп јер нели ПОЛНИ ЧАНТИ ДИЈАМАНТ(И )?
А да немам ни јас ништо против тебе исто како ти против мена само кажувам факти, а последниот е дека за жал си станал НАЈ ИСФРУСТРИРАНИОТ ХЕЈТЕР ( јас не го кажувам тоа ти сам си го кажа и предвиде уште на сам старт на кариерата) .
Да се потсетиме како идеше : Сите го серат Панчо, не се замарај стари, ХЕЈТЕРИ ЉУБОМОРАТ ДЕКА ПРАВИШ НАЈВИШЕ ПАРИ
Извадок од темата : Жолта штампа и таа ми ја праќаше на мејл за да ти ја пуштам , да те потсетам само
Како и да е среќен сум што сум те запознал бидејќи да не те знаев немаше да знам дека може да постои таков ХЕЈТЕР и КОРИСТОЉУБИВ лик на земјината топка.
И слободно барај ме ако ти треба помош тука сум да ти помогнам јер не те гелдам како конкуренција Ливерпул и Пјаченца неможе да играат во иста лига“, се вели во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток