Витина до Меџити: Министре, немој да го присвојуваш трудот на вработените на град Скопје
„Соопштението што на Меџити од неговото министерство за да си го покрие срамот кое очигледно во брзање му го напишале, толку е далеку од реалноста што навлага во сегменти кои се метафизички“, реагира Ирена Витина, советник во Совет на Град Скопје на изјава на Изет Меџити.
„Министре Меџити! Министерството ниту аплицирало за проект ниту го добило, немој да го присвојуваш трудот на вработените на град Скопје.
За автобусите кои упорно ги презентираш како свој единствен проект во 5 месеци во министерска фотеља, очигледно не те информирале дека постои апликација која Градот Скопје и вработените ја изготвиле, ја аплицирале и успешно ја имплементирале.
За среќа ова се Европски процеси на кои ти не можеш да влијаеш. За разлика од европските проекти, во апликациите на град Скопје до Влада каде ТИ имаш директно влијание, ниту еден проект за животната средина во градот Скопје ТИ не го одобри. Толку од твоите заложби за подобра животна средина и чист воздух за скопјани. Доколку ти одлучуваш, исходот е нула“, се додава во реакцијата на Витина.