J.П. „Охридски Комуналец” го одбележа својот патронен празник
J.П.„Охридски Комуналец” денес го одбележа својот патронен празник „7-ми Ноември“.
На присутните им се обрати Директорот м-р Сашо Најдески кој во своето обраќање истакна:
„Ви го честитам денот на ослободувањето на градот Охрид, а на вработените воедно им го честитам патрониот празник на ЈП,,Охридски Комуналец” Охрид.
Според пишаните документи, првите зачетоци на претпријатието датираат од далечната 1952 година, а по направените статутарни промени денес ЈП “Охридски Комуналец” Охрид претставува единствен вршител на комунални услуги:собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад, одржување на јавната чистота и одржување на градските паркови и зеленило на територијата на општина Охрид.
ЈП „Охридски Комуналец” Охрид има задача да обезбеди чист и уреден град и да се грижи за заштита на животната средина. Преку меѓусебна доверба, јасна и отворена комуникација и транспарентност, градиме однос со граѓаните и правните субјекти, а нивното задоволство и исполнување на нивните потреби за здрава и чиста околина претставува успех во нашето работење”
„Како благодарност за континуиран допринос и непрекинат работен стаж за 30 години во претпријатието, им беа доделени награди на 7 (седум) наши вработени“.