По синоќешното невреме во Охрид дежурните екипи максимално ангажирани
Од
Објавено на
По синоќешното невреме кое го зафати охридскиот регион, проследено со силен ветер и обилни врнежи, денес дежурните екипи на Ј.П. „Охридски Комуналец” максимално ангажирани за расчистување и санирање на состојбата на повеќе локации.
Се чистат јавните површини и пешачки зони од паднатите лисја, се чисти пристаништето и кејот од наносите на брановите, се отстрануваат паднати гранки и дрвја; И во текот на вчерашниот ден се интервенираше по паднати дрвја на неколку локации.