Македонија

Уапсен 27-годишник од Косово, криумчарел мигранти

Вчера во 20.00 часот кај место викано „Караорман“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 27-годишниот А.А. од Косово.

При преглед во возилото „ауди А3“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, од кои едно од Сирија и три од Египет. А.А. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток