Македонија

(Видео) Јанчев од Левица: ДПМНЕ шверцува двојазичност преку ненадлежна собраниска комисија

На собраниската Комисија за енергетика, пратеникот од Левица – Сашко Јанчев побара да се тргне од дневен ред предлог-Законот за заштита на децата, поради ненадлежност на оваа комисија. Јанчев потенцира дека овој закон треба да се препрати на Комисијата за социјална политика, но претседателот на Комисијата – Бојан Стојаноски од ДПМНЕ го одби ова барање. Со предложениот закон, се воведува противуставна двојазичност на лиценците и испити, овој пат преку шверц на ненадлежна комисија од страна на ДПМНЕ, велат од Левица.

Во своето излагање, пратеникот Јанчев истакна дека матично тело за конкретниот предлог-закон не е Комисијата за енергетика, туку Комисијата за социјална политика и тоа се гледа во самиот предлог закон, каде стои дека лиценци од вакви испити дава министерот за социјална политика, демографија и млади, а не министерот за енергетика. Дополнително, Јанчев потенцира дека овој закон интервенира и во називот на Министерството на социјална политика.

Потсетуваме дека токму ДПМНЕ во минатото го спореше т.н. Закон за двојазичност, за сега коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да ја продолжи неуставната двојазичност која ја почна режимот на СДС и ДУИ, додаваат од Левица.

На почеток