Свет

СПЦ поднесе кривична пријава против функционер поради објави на Фејсбук

Рашко-призренската епархија на Српската православна црква во петокот до Основното јавно обвинителство во Приштина поднесе кривична пријава против Селим Пацоли, висок функционер на партијата „Ново косовски сојуз“ (АКР), за кривично прекршок за поттикнување раздор и нетрпеливост.

СПЦ во соопштението наведува дека Селим Пацоли на својот Фејсбук профил во две одвоени објави повикал прво да се спроведе акцијата „Бура“ против српското население – термин кој за српскиот народ недвосмислено значи етничко чистење.

Во друга објава отиде и чекор подалеку, упатувајќи сериозни обвинувања кон СПЦ, означувајќи ја како „главен поттикнувач“ на наводните „четнички банди“ кои, како што тврди Пацоли, „убивале и палеле на православниот празник“, јавува РТС.

„Нашата црква на Косово и Метохија во континуитет е против секое насилство, па дури и активно се занимава со помагање на настраданите без разлика на нивната етичка или религиозна припадност, што е постојано потврдено од многу истакнати меѓународни претставници. Ваквите остри обвинувања се отворен јазик на омраза од политичар и груба клевета која повикува на насилство“, се вели во соопштението на СПЦ.

Во соопштението, СПЦ ги повикува меѓународните актери да реагираат и внимателно да ги следат активностите на косовските институции, особено на судските институции, наведувајќи дека отсуството на казна, односно наметнување на неприфатливо благи санкции, ќе послужи како премолчено одобрение за натамошно ширење омраза и создавање атмосфера погодна за нови злосторства против Србите и СПЦ.

На почеток