Ужас во ски-центар во Грузија: 12 лица пронајдени мртви во нивните соби
Пронајдени се тела на 11 странски државјани и еден Грузиец, во спалните соби во ски-центар во Грузија, соопшти грузиската полиција.
Има 11 странски државјани и еден Грузиец.
Полицијата врши увид, но се сомнева дека починале од труење со јаглерод моноксид.
Полицијата навела и дека прелиминарните тестови не покажуваат траги на насилство на телата, а се чини дека се работи за вработени во индиски ресторан. Првичната истрага покажа дека агрегатот за струја, кој се наоѓал во близина на спалните соби во кои спиеле 12 лица, бил вклучен порано, по прекинот на струја.
Истражителите се обидуваат да утврдат дали тоа би можело да биде причина за концентрација на јаглерод моноксид. Идентитетот на жртвите се уште не е соопштен.