(Видео) Ако Бујар Османи знаел за Груби и му сметало неговото однесување, зарем некој верува дека за тоа не знаеле Заев и Филипче, праша Петрушевски
„Само на Венко Филипче и СДС не им пречело однесувањето на Груби во владата, криминалот и корупцијата, дури и Бујар Османи се откажа од него. Ако Бујар Османи знаел за Груби и му сметало неговото однесување, зарем некој верува дека за тоа не знаеле Заев и Филипче?“, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„ДУИ бараат начин како побрзо народот да го заборави дека воопшто Артан Груби бил нивен кадар, само СДС смислува нови начини како да го брани.
Зошто СДС го брани Груби? Зошто смислува разни приказни? Едноставно е. Груби беше алатка која ги држеше да не паднат уште пред 2 години.
СДС, Заев кој му ја предаде партијата на Ковачевски и Венко Филипче кој го наследи, го темелеа целиот свој систем на владеење на ДУИ и Груби. За да останат ден повеќе на власт му дадоа на Груби одврзани раце да краде.
Откако првин дозволија да направи криминал, потоа и му се придружија. Врвот на СДС беше соизвршител на Груби.
СДС сега фрла пердуви, знаат дека Груби води до нив.
Бегството на Груби му одговара само на СДС, зошто така ќе излезат на површина сите криминали кои ги правеле.
Џабе им се сите изговори. Колку и да се препелкаат СДС во калта во која живи тонат, не може да се спасат од одговорност“, соопшти Петрушевски.