Медиасет

Герасимовски: Концерт што не смее да се пропушти – Нокаут и диџеј Александар Јорданов утре на Боемска 1

Општина Центар, во петок 27 декември организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на Боемска 1.

Во петок, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.

Вечерта, во 20:00 часот ќе почне големиот предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со нашите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.

Герасимовски, ги поканува сите скопјани да дојдат на концертот и заеднички да се одбележи крајот на 2024 година со безвременските македонски нумери.

„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележи годината. Настанот ќе стартува со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации Нокаут ќе ги отпеат хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на Боемска 1“, вели Герасимовски.

На почеток