Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Обичен дефокус од борбата против криминалот и корупцијата
На тапет пред пратениците е работата на министерот Панче Тошковски, неговиот заменик, Астрит Исени и вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ. Барањето за нивна смена е од коалицијата „Европски фронт“.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета интерпелацијата е обичен дефокус од борбата против криминалот и корупцијата.
„Чудно е малку времето на поднесување, зошто сега кога борбата против криминалот и корупцијата е видлива за граѓаните се поднесува интерпелација од страна на само еден дел од опозицијата? Но, еве да видиме кои ќе бидат нивните аргументи, баш би сакал да ги чујам и откако ќе ги чујам да ги изнесам сите оние факти кои се на страна на вистината. Народот е тој кој суди и оценува, се виде како работеа тие пред нас, а гледаат како работиме ние денес“, порача Тошковски од Желино.
На Тошковски не му е јасно зошто СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата, но вели најверојатно и ним не им е јасно.