Спасовски: Нема да гласаме за интерпелациите на ДУИ, поттикнуваат етнички тензии
СДСМ нема да гласа за интетпелациите на ДУИ. За нив ова е поттикнување на етнички поделби и тензии.
„СДСМ и Коалицијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите поднесени од ДУИ зашто сметаме дека нема потреба да имаме нови етнички поделби и по основ на интерпелациите. Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување на било какви меѓуетнички тензии и основ за отворање можности за поделба меѓу граѓаните. Доколку намерите на подносителите биле вистини, причините за интерпелациите во ниту еден случај не смееле да бидат поврзани со етнички контекст туку да бидат единствено со аргументи и со факти за работи на одреден министер или функционер. А за жал, аргументи и факти има колку сакате за да најдете причина за било каква интерпелација”, рече Оливер Спасовски.