Вишиот суд повторно го спаси Горан Весиќ од притвор
Вишиот суд во Нови Сад го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад да му одреди притвор на поранешниот министер за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ.
„Со одлуката на судот, се посочува дека на 27.11.2024 година на тогаш осомничениот Горан Весиќ му бил прекинат притворот поради немање основано сомнение дека го сторил кривичното дело кое сè уште му се става во обвинението, дека обвинението сега е во фаза на мериторно испитување во смисла на член 337 од Законот за кривичната постапка, а дека предлогот на јавниот обвинител да определи притвор во оваа фаза од постапката, за обвинетиот Горан Весиќ, остана нејасен и необразложен, особено имајќи предвид дека обвинителот не наведува нови факти и околности кои би го поткрепиле неговиот предлог“, стои во соопштението на Вишиот суд во Нови Сад.
Апелациониот суд во Нови Сад претходно го укина решението на Вишиот суд, со кое беше одбиен предлогот за одредување притвор за Весиќ.
Судот ја уважи жалбата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и предметот го врати на првостепениот суд за повторно одлучување.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 30 декември поднесе обвинение против 13 лица, вклучувајќи го и поранешниот министер за сообраќај Горан Весиќ и поранешната директорка на „Инфраструктура железници на Србија“ Јелена Танасковиќ, поради падот на настрешница на влезот во Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Апелациониот суд во Нови Сад го укина решението на Вишиот суд, со кое беше одбиен предлогот за одредување притвор за поранешниот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Горан Весиќ.