Македонија

(Видео) Богојески: Не се чувствувам како дел од ВМРО-ДПМНЕ, а Бог да чува да бидам како Груевски

Гостин во „Претрес со Ландов” е Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Богојески не се чувствува како дел од ВМРО-ДПМНЕ и вели „многу сум далеку од нив“.

„Има сериозни идеолошки разлики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Македонски концепт. Јас ја напуштив партијата пред да ја напуштам палатата. Така се роди идеја за Македонски концепт, партија која ќе биде храбра и нема да се плаши да говори за ништо. ВМРО е лидер на нашата коалиција. Бог да чува да бидам како Груевски. Груевски е уценет човек. Срам ми е да се споредувам со Груевски. Тој дојде во мојата партија. Тој како куче побегна. Никогаш па ни тогаш не би го потпишал Пржинскиот договор како Груевски”, рече Богојески.

На почеток