Папата Франциск изрази сочувство до семејствата на жртвите во Кочани

Од
Објавено на

Преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин, Папата Франциск упати сочувство по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.
„Папата изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, како и својата духовна блискост со повредените”, стои во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.
Папата уверува дека сеќавањето на жртвите ќе го задржи во своите молитви.
