Коментари

Новинарот Јовановски до „малограѓанштината“: По колку хелекси и дијазепами лапате на ден?

Од низата реакции на социјалните мрежи, новинарот Борјан Јовановски на социјалната мрежа Фејсбук напиша статус за кој вели дека е посветен на малограѓанштината. Тој не појасни на кого мисли, но се претпоставува дека им се обраќа на критичката јавност која побара оставка од Павле Богоевски по објавувањето на прислушкуваниот разговор.

„Туку ај сеа да си кажете сите колку хелекси и дијазепами лапате на ден. Оние количини што се мерат у тони сигурно не ги земате по аптекиве за домашни миленичиња“, пишува Јовановски.

Неговите следбеници на социјалната мрежа му порачаа „Голем е Павле остај го да се брани и вади сам, и да ја искористи оваа прилика да покаже како треба да се истрае победи или пропадне“, на што тој напиша „Не го бранам Павле..се мајтапам со малограѓанштината“.

На почеток