,,Иако го прославуваат само муслиманите, светиот месец Рамазан симболизира многу општочовечки вредности. Преку солидарноста кон посиромашните, Рамазан е симболичен коректив на социјалната нееднаквост во општеството.
И покрај нашите различни вери и светогледи, нас нè поврзуваат универзални вредности и принципи ‒ стремежот за правда и мир, еднаквост и достоинство. Нашиот исклучителен придонес како европска држава во која луѓе од различна верска, етничка и јазична припадност соработуваат на градењето заеднички дом, е доказ дека е можна подобра иднина за регионот, Европа и светот.
Мој приоритет како Претседател на Република Северна Македонија е да придонесам за граѓанско помирување. Моја цел е во нашата европска држава да промовирам вредности што зближуваат, а не што разделуваат.
Благодарам за поканата за ифтарската вечер организирана од Меѓународниот Балкански Универзитет, под покровителство на Амбасадата на Република Турција“-објави Претседателот Пендаровски на Фејсбук.